Мојата кујна

Колачиња со рум

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400гр неутрална павлака

* 2 кесички од 9гр желатин

* 100гр маргарин

* 250гр шеќер во прав

*  Екстрат од рум

* 200гр кокос

* 300гр чоколадо за готвење

* 5 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Павлаката и маргаринот ставете ги да се варат и додадете го шеќерот во прав. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од оган додадете го претходно потопениот желатин и румот и добро измешајте. На крајот во смесата додадете го и кокосот. Во едена четвртеста тава обложена со најлон фолија ставете ја смесата и оставете да се олади. Најдобро е така да преноќи. Откако ќе се стегне, превртете ја смесата на даска за сечење која треба да биде обложена со хартија за печење. Сечете во облици кои вие ги сакате и прелиете со чоколадо. Декорирајте по желба.

Write A Comment