Свадбените суеверија ги имало одсекогаш, особено оние кои се однесуваат на временските услови на денот на свадбата. Според некои верувања, ако ви заврне на денот на свадбата, тоа е добар знак бидејќи нема да плачете во бракот.
Но, освен ова значење, некои веруваат дека ако на свадбата ви роси, значи ќе бидете финансиски безбедни, додека пак, ако има пороен дожд тоа е знак дека ќе бидете во одлична финансиска состојба во бракот.
Затоа нема причина за грижа. Дождот е сепак убав знак.
