Современа жена не може да издржи без огледало ни половина час. Кога тоа не го прави, нејзиното расположение е значително……намалено, понекогаш депресивно, ова е резултат на едно британско истражување. Жените просечно пред огледало се 38 пати на ден, покажуваат резултатите од истражувањето. 1% од понежниот пол го користи огледалото најмалку 50 пати на ден. Кај мажите тоа е значително помалку, само 18 пати. За современото општество надворешниот изглед е многу важен показател за социјалниот статус и интересите во општеството
Мажите кои со часови знаат да ги чекаат своите партнерки кои се спремаат за вечерно излегување, најверојатно нема да бидат многу воодушевени кога ќе слушнат дека жените не се спремаат за нив, туку поради други жени.
Испитувањето спроведено на преку 2.000 испитаници, открило зошто жените всушност поминуваат часови и часови пред огледалото.
Се покажало дека тие не сакаат да ги импресионираат мажите, туку припадничките на својот пол.
1/4 од жените вели дека најискрените комплименти ги добиле од жена која што не ја познаваат, а не од маж.
Погрешно е верувањето дека жените сакаат со својот изглед да го импресионираат спротивниот пол, ова истражување го покажало обратното.
Жените ги загрижува што мислат другите жени за нивниот изглед и тоа е сосема нормално.
Жените и онака знаат повеќе за облеката, шминката и стилот отколку мажите – изјавил претставник на компанијата Simple Skincare, која и го спровела ова истражување.
2/3 од жените се уверени дека мажите постојано тврдат дека добро изгледаат и дека најверојатно тоа го прават без размислување.
Освен тоа на половината од жените им е помило да слушнат комплимент од жена која што не ја познаваат, отколку од маж.
Можеби некого ќе го изненади податокот дека половина од жените не се средуваат поради причината дека сакаат да уловат некој маж, додека за 22% од нив машкото мислење воопшто не е важно.
Мажите, велат жените, воопшто и не ги забележуваат новите фризури, облека или шминка.
Но, ниту жените не се така благопријатно наклонети една кон друга, па така околу 30% од жените признаваат дека сакаат позади грбот на пријателката да го коментираат нејзиниот изглед и стил на облекување.
А, ги има и оние, но сепак во помал број, кои спрема сопственото признание никогаш не би и кажале на пријателката дека добро изгледа, додека 1/4 од жените редовно го копира стилот на облекување на својата пријателка со надеж дека ќе изгледа исто толку добро како и таа.
