Здраво тело

Кафе без кофеин – да или не?

Кофеинот е најчеста консумирана дрога во светот. Пијачите на кафе кои се префрлаат на кафе без кофеин може и да не се толку безбедни како што мислат. Истражувањето спроведено на универзитетот во Флорида докажало дека кафето без кофеин и не е баш без кофеин. Исто така треба да се нагласи дека има и други состојки во кафето кои имаат еднакво јак ефект како кофеинот. Многу болести кои биле предизвикани од кафето се уште се афектирани и со кафето без кофеин, а тоа е поради другите состојки кои се наоѓаат во него.

Кафето е високо ацидотично и може да стимулира зголемено лачење од страна на гастричните жлезди во желудникот. Кафето предизвикува рефлукс на содржината во желудникот многу повеќе отколку кога би се испил кофеинот со чаша вода. Ова значи дека другите компоненти во кафето се одговорни за зголемената секреција.

Кафето може да води до остеопороза

Ниската густина на коските ги зголемува шансите од остеопороза. Метаболната ацидотичност придонесува за деминерализација на коските. Кафето без кофеин особено ја зголемува метаболната ацидотичност.

Кафето без кофеин исто така е асоцирано со ревматоиден артрит, ова е докажано кај одредена група на жени кои пиеле кафе без кофеин и кај нив е зголемена инциденцијата од ревматоиден артрит за два пати.

Други состојби кои се сметаат делка се поврзани со кафето се и зголемениот ризик од глауком и зголемени карциногенични својства консумирајќи го истото. Затоа како најдобро решение е да ги исфрлите и двата типа на кафе доколку сакате да исчезнат проблемите кои се јавиле како резултат консумација на кафето.

 

Write A Comment