Мојата кујна

Кесадиљи со топено сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 тортиљи

* сирење што лесно се топи

* свежи пиперки (зелени и црвени)

* шампињони

* мала главица кромид

* 2 чешниња лук

* зејтин или путер

* сол

* мексиканси зачини по избор, чили, бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете ги пиперките, лукот, кромидот и шампињоните. Измешајте ги и зачинете. Изрендајте го сирењето.

Секоја тортиља намачкајте ја само од едната страна со зејтин или растопен путер. Загрејте ја рерната и ставете ги тортиљите со намачканата страна одоздола на садот за печење. Кога малку ќе се згрејат и ќе се опуштат наредете го сирењето, смесата, па одозгора ставете друга тортиља така што намачканата страна со зејтин или путер да биде одозгора. Добро притиснете ја горната тортиља и оставете да се пече додека не порумени. Потоа внимателно свртете ја кесадиљата на другата страна. Печете додека не порумени.

Готовите кесадиљи ставете ги на чинија и исечете ги на четвртини.

Совет: Освен со горенавадените состојки, кесадиљите може да ги филувате со продукти по желба.

Write A Comment