Кожата на лактовите е тенка и осетлива, а поради долгите ракави што ги носиме во зима често забораваме да ѝ ја дадеме потребната нега. Еве неколку совети што ќе ви помогнат да ја освежите кожата на овој дел од телото.
Прво направете пилинг. Измешајте лажица маслиново масло, малку сок од портокал и лажица морска сол, па втријте ја смесата на кожата со кружни движења неколку минути, а потоа измијте со млака вода.
Нанесете маска од рендано јаболко, кое ќе го изматите заедно со лажица павлака, две лажици мед и половина лимон. Оставете ја да дејствува 15 минути, измијте со топла, па со ладна вода.
Ако кожата на лактовите е темна и груба, потпрете ги лактовите во две половини од лимон и оставете ги така 10 минути. Измијте ги и намачкајте дебел слој од мрсен крем.
