Мојата кујна

Како да испечете костени во рерна? (Видео)

Есента пристигна, а со неа и сезоната на костени. Можете да ги правите печени, варени, да направите пире, па дури и слатко. Погледнете како совршено да ги испечете во рерна.

Печењето на костени не е голема филозофија. Сепак, поголемиот дел од нас ги печат на оган, т.е. во домашни услови на рингла. Но тоа може да значи и голем неред, а и мирис на изгорено во домот. Затоа рерната е добра алтернатива.

За почеток потребни ви се свежи костени и остар нож, со кој ќе направите засеци на средина на костени. Потоа ставете ги расечените костени во сад за готвење, ставете малку вода и посолете ги. Ставете ги на оган да се крчкаат, се додека водата не проврие. Потоа извадете ги костените од садот, префрлете ги во тава и ставете ги во загреана рерна на 220 степени. Печете ги костените 15тина минути. Вака печените костени покријте ги со крпа и оставете ги да одстојат некое време за полесно да се лупат.

https://www.youtube.com/watch?v=Vm6_P4_KJT4

Write A Comment