Во есен настинките често се појавуваат. Неправилната исхрана е еден ризик фактор за нападите на вирусите. Имунолошкиот систем е тој кој се бори со непосакуваните болести и затоа секогаш треба да се одржува на завидно ниво. Ако често настинувате пробајте го овој природен и здрав рецепт. Тој досега даде повеќе позитивни резултати во борбата против вирусите и настинките. Главната состојка на рецептот е лукот.
Тој помага во зајакнувањето на имунитетот, стекнувањето со отпорност кон болести и вируси, ја прочистува крвта ослободувајќи ја од штетните материи и токсини и го зајакнува целиот организам.
Рецептот не само што ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да ја прочистите крвта, туку истовремено ќе ви го подобри и забрза метаболизмот, при што од телото ќе се исфрлат вишокот маснотии.
За да го направите рецептот кој многу лесно се подготвува, потребни ви се само 12 средни по големина чешниња лук и ½ литар црвено вино.
Чешнињата лук се лупат и се сечкаат на четвртинки. Се ставаат во тегла и се додава виното. Теглата убаво се затвора и се чува на сонце 2 недели со повремено промешување. После две недели течноста се процедува, лукот се фрла а виното се собира во стаклено шише.
Во рок од еден месец, три пати на ден се пие по една мала кафена лажичка од лекот. Откако ќе ја потрошите дозата, ако мислите дека повторно треба да ја консумирате, задолжително направете пауза од шест месеци.
