Motherhood

Родителите трошат многу пари на непотребни работи за бебето

Повеќето родители се свесни колку е скапа опремата за бебето, но кога станува збор за нивните деца не ги жалат парите, без разлика дали на бебето тоа му е потребно.

Бебето во лулката обично спие само неколку недели бидејќи тоа е многу мало. Подобро е веднаш да купите кревет. Иако лулката е од цврсто дрво, креветчето со тркала е многу поудобно. Исто така, многу делови од постелнината за креветчето се непотребни.

На листата на непотребни работи се и скапите кујнски апарати за подготовка на храната на бебето. Експертите објаснуваат дека обичен блендер е сосема доволен за припрема на каша. Исто така не би требало да трошите пари и за скапи беби аларми, како и за брендирана гардероба и обувки.

Родителите би требало да знаат дека скапите работи не се секогаш најдобри, и многу од тие работи можете да ги позајмите од пријатели или роднини.

Write A Comment