Мојата кујна

Уште еден рецепт без печење: Рум штангли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300g компир

300g мелени бисквити

200g темно чоколадо

140g маргарин

200g шеќер во прав

1 лажица какао

2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)

1 лажица масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.

Write A Comment