Мојата кујна

Вакво нешто не сте пробале: Пита со шунка и варени јајца

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто

350 гр брашно

170 гр ладен путер

1 јајце

1 лажичка пециво

50 мл млеко

прстофат сол

За фил

4-5 варени јајца

150 гр шунка

100 гр кашкавал

200 гр кисела павлака 20

2-3 кисели краставички

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Брашното и пецивото се мешаат, а потоа се додаваат сечениот путер, јајцето и млекото кои се замесуваат во тесто кое потоа го завиткуваме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер околу 30 минути.

Кашкавалот го рендаме, шунката и краставичките ги сечеме на коцки и сето ова го промешуваме со киселата павлака.

Го вадиме тестото од фрижидер и го делиме на две топки од кои едната ќе ни биде двапати поголема од другата.

Го расукуваме поголемото топче на набрашнета површина, да биде поголемо за неколку сантиметри од дното на тавата.

Го истураме и распоредуваме филот и врз него ги ставаме варените јајца исечкани на кругови.

Го расукуваме и второто тесто во круг па ја покриваме филованата пита. Со делот од првото тесто од страните ја покриваме питата преку второто тесто.

Притискаме нежно да се залепат двата дела и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути или додека да порумени.

 

 

 

 

 

 

 

Write A Comment