Сé повеќе весели и невообичаени трендови за боење на косата го освојуваат светот.
Боењето на косата со различни невообичаени бои стана тренд пред година-две, и секогаш изгледа весело и забавно. Но, што ќе правите кога корените ќе почнат да ја откриваат вашата вистинска боја на косата?
Нов забавен тренд се појави на Instagram, и се чини дека го освојува светот во миг!
Станува збор за прикривање на подраснатите корени со светки, тренд кој за многумина е весел и невообичаен начин да си ги прикриеме „недостатоците“ правејќи да изгледат слатко и невообичаено.
Сепак, други истакнале дека иако идејата е оригинална, ним премногу им личи на првут.
Какво е вашето мислење?








