Убавина

Дознајте како да ја осветлите кожата под пазувите – природен пилинг и маска

Дали ни се допаѓа или не, факт е дека кожата под пазувите со времето ја менува бојата и потемнува па веќе не изгледа толку убаво.

За темните флеки кои се појавуваат, за среќа постои решение. Погледнете како се прават пилинг и маска за осветлување на кожата под пазувите кои ќе ги отстранат темните траги.

Потребни состојки за пилинг:

сода бикарбона

кокосово масло

Подготовка:

Измешајте го кокосовото масло и сода бикарбона во еднаков размер, па со добиената паста правејќи кружни движења истријте ја кожата под пазувите. Оставете да делува, па измијте се со млака вода.

Потребни состојки за маска:

2 лажици брашно

1 лажица млеко

1 лажица сок од лимон

прстофат кукурма

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки да добиете густа паста. Нанесете ја на кожата под пазувите и оставете да делува половина час. Потоа измијте ја и исуште ја со чист пешкир.

Комбинирајте ги пастата и пилингот еднаш неделно и набрзо ќе ги забележите резултатите.

Write A Comment