Уште една вкусна и многу ефикасна маска. Оваа маска можете да ја нанесете на лицето но исто така може и да се јаде. И во двата случаи е многу ефективна и полезна за вашата кожа бидејќи ја третирате кожата и внатрешно и надворешно, што всушност е најдобриот начин за здрава и млада кожа.
Потребни намирници за приготвување на маската се еден орев, ½ авокадо, една лажица павлака, гриз или пченично брашно и една лажица мед.
Авокадото и оревот се обработуваат во блендер до добивање на хомогена смеса. Потоа се додаваат и останатите намирници и повторно се меша. Нанесете ја маската на чисто и влажно лице, врат и деколте. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Маската со орев е наменета за редукција на брчките па поради тоа се препорачува интензивен третман што значи апликација на маската 3-4 пати неделно во продолжение од еден месец. Процедурата се повторува на секои два месеци.
Пред да ја нанесете маската изедете една лажица од смесата за да ги примите хранливите материи потребни за внатрешната исхрана на кожата.
