Мојата кујна

Крцкав чипс од компири

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 компири со средна големина, исечкани

* 6-7 зелени чили пиперки (или по вкус)

* 120 грама брашно од леблебија

* 40 грама оризово брашно

* 1 лажица пченкарно брашно

* 1,5 лажичка кромид, исечкан

* 2 лажици лимонов сок

* Сол и зејтин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите се лупат и се ставаат во сад со студена вода, а сите брашна се мешаат во голем сад.

Потоа се ставаат зелените чили пиперки во блендер се додава малку вода со цел да се направите чили паста, а потоа смесата се додава во садот со брашно.

Се додаваат кромидот, лимоновиот сок и солта во садот, а по вкус можете да додадете и чили во прашок. Измешајте добро и додадете ги и исечканите компири.

Малку од водата од компирите се цеди во мешавината со цел да се добие густа смеса која ќе послужи како обвивка за вашиот чипс.

Потоа се пржат парчињата компир и мора да се внимава да не се златно кафеави од двете страни.

Се отстранува вишокот масло со помош на хартиена крпа и се послужуваат додека се топли.

Добар апетит!

 

 

Write A Comment