Art & Crafts

Никогаш не заспивајте покрај вашиот таблет или телефон!

Тим од истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Хардвард ги споредил ефектите од читањето на класична книга и е-читачите пред спиење и откриле дека корисниците на електронски уреди поради позадинското осветлување потешко успеваат да заспијат.

Ако пред спиење уживате да читате, но сепак вашиот избор е електронското издание, наместо класична книга, тогаш треба да знаете дека и полошо ќе спиете, а можеби и дополнително ќе му наштетите на вашето здравје, предупредуваат научниците.

Како што пренесува BBC, тим од истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард ги споредиле ефектите од читањето на класична книга и е-читач непосредно пред спиењето и откриле дека корисниците на електронски уреди поради позадинското осветлување потешко потонуваат во сон, немирно спијат и наутро се будат поуморни.

Всушност, сината светлина која ја емитираат паметните телефони, таблетите и ЛЕД осветлувањето може да го поремети нашиот внатрешен биолошки часовник. Сината осветленост во вечерните часови може да го успори, па дури и да го спречи производството на мелатонин, хормонот кој е задолжен за спиењето.

Стручните лица од Универзитетот Харвард спроведоа експеримент во кој учествувале 12 доброволци кои пет дена пред спиење читале класична книга, а пет дена читале електронски изданија на iPad. Примероците од крв на учесниците во ова истражување покажале намалено производство на мелатонин, кое се поклопува со пореметување на циркадијалниот ритам, односно нашиот биолошки часовник, за дури час и половина.

Стручњаците, чии резултати се објавени во Аналите на Националната академија на науки (ПНАС), заклучиле дека исто така, личностите кои се определиле да читаат на iPad или било каков друг паметен уред, ќе им биде потребно повеќе време за да заспијат (10 мунути во просек), а освен тоа имале и покус РЕМ сон и се буделе поуморни од вообичаено.

– Светлината која ја емитираат повеќето е-читачи зрачи директно во очите, додека во случај кога се чита класична книга читателот е изложен само на светлината која се одбива од страниците на книгата. Докажано е дека недостатокот на сон ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести, гојазност и дијабетес, но и рак, опоменува водачот на оваа студија, професорот Чарлс Зајслер додавајќи дека и лекарската заедница е значајно загрижена од резултатите на ова истражување.

Зајслер ги советува луѓето што помалку да употребуваат паметни уреди пред спиење, а ова особено се однесува на тинејџерите кои се подложни да користат мобилни телефони и таблети до доцните часови во ноќта.

Write A Comment