Во несесерот веројатно имате козметички производи што редовно ги користите. Иако сме верни на своите универзални производи, тоа понекогаш може да биде многу здодевно. Затоа ви препорачуваме да ја разбиете монотонијата со три маскари.
За секој ден
Секојдневно ви е потребна маскара што ќе ви обезбеди волумен, ќе ви ги извитка и ќе ви ги издолжи трепките. Избегнувајте водоотпорни маскари бидејќи ги сушат трепките и им штетат бидејќи тешко се измиваат.
За посебни пригоди
Посебните пригоди бараат драматичен изглед, кој најдобро ќе го постигнете со помош на маскара што дава волумен и ги продолжува трепките. Со два слоја маскара и интензивна сенка ќе станете виситнска гламурозна дива подготвена за вечерното излегување.
Забава
Ако сакате да го зачините својот излгед, маскарата во боја е одличен избор. Нијансите можете да ги приспособите на бојата на очите или да изберете боја што одговара со вашата модна комбинација. Нема правила, освен да бидете подготвени на експериментирање и да знаете кога да запрете.
