Без добар сон нема здраво тело…
Понекогаш добриот сон станува недостижна цел.
Заспивањето не е тешка работа кога ќе се земат во предвид потребните елементи кои се потребни лесно да заспиете… потребно Ви е само уморно тело и мирен ум.
Сигурно се прашувате како да го постигнете тоа!!!
Сигурно сами знаете да го уморите Вашето тело. Но што велат експертите!!!
„Напладне не се излежавајте пред телевизорот, работете нешто, а 30 минутното вежбање нека биде Ваше секојдневие“
Како да го смирите умот пред спиење?
Научните кругови едногласно се согласуваат дека смирувањето на умот пред спиење не е интерен туку екстерен процес. Имено потребно е да ги следите овие неколку чекори:
1. Вдишувајте длабоко и насочете го своето внимание кој некој звук кој ќе Ви биде интересен. При изборот на звукот битно е да пазите тој звук да биде едноличен, пример звукот на клима уредот, компјутерот…
2. Пробајте да не размислувате за ништо барем 5 минути,само слушајте го звукот тие клучни 5 минути и сонот ќе затропа и на Вашата врата.
Едноставно но вистинито, пробајте нема да зажалите!!!
