Мојата кујна

Нема ништо повкусно: Динстан зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Малку масло

* 1 главица кромид

* 2-3 моркови

* 50 гр шампињони

* 1 пипрека

* 2 тиквички

* Брокула

* Сол, бибер, вегета

* 2-3 лажички ајвар

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пропржете го кромидот на малку масло (посолете го за да омекне поскоро).

Додадете го на кругови исечканиот морков. Исечкајте ги на половина печурките и додајте ги во тавата. Потоа додадете ја на коцки исечканата пиперка. Исечкајте ги тивкичките на коцки и додадете ги во тавата. Додадете зачини и динстајте додека зеленчукот не омекне.

Во друг сад ставете вода и посолете ја. Кога ќе зоврие водата, ставете ги во неа цветовите од брокула. Варете ги 4 минути, потоа исцедете ги и ставете ги во другиот сад каде што се динста останатиот зеленчук.

Додадете го ајварот и динстајте уште две до три минути.

Добар апетит!

Совет: Доколку не сте на диета, во зеленчукот можете да додадете и малку павлака за готвење.

Write A Comment