Art & Crafts

Kaде се нанесува руменилото?

Сакате да изгледате… Природно

Кога обично се заруменувате? По прошетката на студено време или откако трчавте по автобус? Тој изглед треба да го копирате. Повеќето жени ги заруменуваат јаболчниците на образите и така изгледаат здрави и млади. Сепак, внимавајте руменилото да не го нанесете преблиску до носот.

Сакате да изгледате… Секси

Според тврдењата на водечките визажисти, секси-изгледот на кожата се постигнува не само со соодветното тонирање на кожата, туку и со местото каде ќе го нанесете руменилото. Прво треба да го одредите местото со напипување на јаболчната коска, а потоа да го нанесете руменилото во форма на буквата С, со тоа што бојата на слепоочниците треба да биде најсветла.

Сакате да изгледате… Исончано

Ако сакате исончан тен, тоа не значи дека треба да втриете цела туба средство за самопотемнување. Подеднакво е важен и сјајот на исончаната кожа, но и дефинираните контури на лицето. Нанесете го руменилото со бронзена боја долж јаболчната коска, со истакнување на јаболчниците и слепоочниците, на средина на челото и на крај преку свиокот на носот. Ако вашата кожа е природно светла, нанесете руменило и по должина на вилицата, како и на вратот.

lice 2

Ако претерате со руменилото, вишокот отстранете го со памук. Преголемото количество на течното или кремастото руменило лесно можете да го неутрализирате ако втриете малку течна пудра во делот на лицето на кое сте го нанеле руменилото.

Write A Comment