Вилата L’Escalet е прекрасна куќа за одмор во Сен Тропе на Азурниот брег со спектакуларен поглед на Средоземното море и ентериер кој зрачи со елеганција и удобност.
Сместена во близина на познатите плажи и градот со богат ноќен живот, вилата е сепак изолирана и овозможува приватност и мир.
На само пет минути од морето се наоѓа оваа архитектонска убавица со четири спални соби, комплетно опремена отворена кујна каде готвењето е вистинско задоволство.
Прозорците од подот до таванот во дневната соба и кујната го исполнуваат просторот со природна светлина и овозможуваат поглед за уживање.
На терасата пред куќата се наоѓа бесконечен базен и простор за сончање и одмор.








