Art & Crafts

Колку е опасно да спиете со шминка?

Жените ретко си дозволуваат ваква негрижа, но на сите понекогаш ни се случува да заспиеме без да сме ја исчистиле шминката од лицето. Што се случува со кожата? Порите се запушуваат и кожата не може да дише. Еден од силните аргументи во полза на вечерното чистење на лицето е тоа дека ја лишувате својата кожа од возможноста да ги абсорбира неопходните хранливи материи. Сега дури и младите жени употребуваат ноќни кремови со ретиноиди и антиоксиданси. Ноќната хидратација на кожата е многу важна, бидејќи по време на сон кожата има зголемена способност за регенерација и обновување.

Се разбира дека од една ноќ со шминка нема да пострадате многу, така да не се обвинувајте за тоа, дека после напорната новогодишна ноќ не сте имале сили да го исчистите лицето пред сон. Едноставно погрижете се да не ви премине во навика.

Write A Comment