Sweet Home

Ултра модерен дом…Вистински благослов !

Желбата на сопствениците на овој дом, што секој би го посакал била: голема градина и огромен базен во кој ќе можат да уживаат децата. Иако самата куќа се наоѓа на плажа, тие сакаа нешто поинакво, што архитектонското студио А- Cero  успешно го реализираше. Овој дом инаку претставува современа скултура од аголни форми. Таквиот изглед одржува дијалог со  надворешниот, медитерански изглед.

Приземјето располага со две дневни соби, кујна, трпезарија и домашна канцеларија. На вториот спрат се наоѓа огромна дневна соба со приватна тераса, дополнителни соби со бањи и соба за игри. Поголемиот дел од мебелот и ѕидовите се во бела боја…

Успешно реализираната идеја на архитектонското студио е модерен коктел кој носи ведрина и возбуда… Неверојатен дом за љубителите на необичното…

Write A Comment