Здраво тело

Направете сами: Антибактериска вода за плакнење на устата

Иако се ефикасни, сепак, често антибактериските течности за плакнење на устата имаат превисоки цени. Со оглед на тоа што се и до три пати (а некои и повеќе) поскапи од самата паста за заби, вреди да пробате да ја направите самите дома. Во редовите подолу ви прикажуваме одличен рецепт, кој не само што ќе ви ги уништи сите бактерии во устата, туку и ќе ја направите за само неколку минути.

Состојки:

2 лажички сода бикарбона
2 капки етерично масло од нане
2 капки масло од чајно дрвo

1/2 чаша дестилирана вода

Начин на подготовка:

1. Подгответе шише или поголема чаша со капаче и темелно измијте.

2. Во шишето истурете ја сода бикарбоната и етеричните масла.

3. Прелијте со дестилирана вода и добро протресете пред употреба.

4. Земете голтка од мешавината и со неа добро исплакнете ја устата пред да ја исплукате.

Нането го освежува здивот, чајното дрво ја дезинфицира устата, сода бикарбоната ја чисти глеѓта на забите.

Write A Comment