Во еден прекрасен стан во Москва, со површина од само 29 метри квадратни, дизајнерите успеале да најдат простор за сите човечки потреби.
Имено, малиот простор во себе содржи дневна соба, кујна, бања и мал ходник, кои се доволни за пристоен живот на човек (студент) кој живее сам.
И покрај ограничениот простор, домот чиј ентериер е уреден според препознатливиот шведски стил, нуди хармонична и удобна атмосфера со силен визуелен ефект. Вистинско бајковито катче.














