Вестахорн, Стокснес, Исланд – една од првите населби пронајдени во оваа област. Планината која се спушта кон Атланскиот Океан, вајана од страна на природата низ годините. ја создала една од најуникатните плажи кои постојат на планетата. Не станува збор за класичниот ситен песок и високи палми, туку напротив, за неверојатни пејзажи обликувани од природните сили на природата и ветровите. Изгледот на ова место се менува постојано. Сонцето, маглата и брановите, во континуитет го менуваат изгледот на дините настанати од некогашната врела лава. Водните рефлексии го отсликуваат планинскиот венец кој се простира над нив, креирајќи фасцинантни пејзажи од недопрената природа. Познатиот глечер Ватнајокул се наоѓа во непосредна близина на овој локалитет, па токму затоа ова е задолжителна локација за посета доколку некогаш имате намера да го посетите Исланд.










