Здраво тело

Не е навика, а им се сучува на сите: Еве зошто се будиме пет минути пред алармот!

Иако станувањето пред будилникот, рано наутро, често го поврзуваме со навиката за рано станување, сепак не е така.

Како што различните апликации и саати треба да ве разбудат постепено, вашето тело пробува истото да го направи. За да ви почне денот што полесно, организмот во последната фаза на сонот произведува повеќе хормони поврзани со стрес, кои го спремаат телото за будење.“, рече професорот по психологија др. Јан Борн.

За време на студијата, Борн и неговиот тим откриле дека се произведува хормонот адренокортикотропин во најголеми количини кога човекот очекува да биде пробуден за одредено време.

Во овој експеримент, волонтерите на спиење си заминувале околу полноќ, а кажано им е дека алармот ќе ги пробуди едно утро во шест, а следните два дена во девет саат.  „Кога очекувале саатот да им заѕвони во 6 саат, се зголемува производството на хормонот адренокортикотпропин непосредно пред будењето. Кога волонтерите очекувале будење во девет саат, хормонот не бил во раст“, објаснува др. Борн.

Иако будењето непосредно пред алармот, често го препишуваме на навика да станеме рано, се чини дека е всушност спротивното. Др. Брон објаснува дека пред звукот на алармот стануваат баш тие кои немаат навика да стануваат рано. Сепак, до крај не е познато зошто кај нив во последната фаза се зголемува и хормонот за стрес.

„Секој човек има различен внатрешен саат. Варијациите во гените одлучуваат кој од нас природно ќе се буди рано, а кој нема“.

Write A Comment