Motherhood

Бизарни закони за браковите и разводите во Северна Кореја и Саудиска Арабија

Разводот како и бракот имаат свои обичаи кои во некои земји можат да изгледаат чудни, смешни.

Уште постојат земји ширум светот во кои важат некои стари обичаи за разводот и во бракот кои „влечат корени“ уште од дамнешни времиња.

1.Саудиска Арабија 

Во Саудиска Арабија жената стекнува право да побара развод од мажот доколку тој не и донесува кафе секое утро. О.К. знаеме дека жените го сакаат утринското кафе, како и мажите, но зар не е ова помалку „премногу едноставно“? Ова е само клаузула во законот, затоа што бракоразводните парници се вистинска реткост во Саудиска Арабија.

2. Хонг Конг

Хонг Конг е дел од Кина, но има посебен вид на автономија. Така да дел од законите за разводот е повлечен од древните обичаи. По тој древен закон, сопругата има право да го убие сопругот ако го фати во неверство. Ако веќе се одлучи на „казнара предвидена со законот“ има право да го убие само со голи раце, никако со ладно или огнено оружје.?!

3. Држава Самоа

Овде технички е легално жената да поднесе барање за развод ако нејзиниот маж заборави на нејзиниот роденден. Колку од вас мажите би станале самци да живеете во оваа земја?

4. Шкотска

До 1939 година, доколку сте били интимни со некоја женска личност, моравте да ја ожените. Така беше некогаш.

5. Сојузна држава Кансас, САД

Сосема е легално да поднесете барање за развод доколку сопругот и мајката на сопругата не се согласуваат.

6. Брак во Кувајт

По древниот закон во Кувајт, мажот може да биде уапсен само ако сензуално погледне друга жена. Забрането му е со страст да гледа и во женскиот род животни. Поради што во законот го вовеле овој дел околу животните не знаеме, но изгледа бизарно до крајните граници на умот.

7. Брак во Сојузната држава Колорадо

Овој дел на САД, вклучувајќи и Хартфорд е сопственик на до сега најчудниот дел во законот за брачните партнери. По тој, најчуден закон за бракот, мажот може да преноќи во затвор ако се намурти на сопругата во недела. Останите денови од седмицата тоа веројатно испаѓа во ред, значи во недела нема муртење.

8. Сојузна држава Јужна Каролина

Во Јужна Каролина машките личности можат кривично да ги гонат ако ја запросат девојката и не се венчаат со неа. Лажна просидба или откажување од бракот подлегнуаат „навреди против моралот и пристојноста“ и технички со тоа го навредувате и Исус. Ова дефинитивно е држава во која на девојката не смеете да и кажете „Омажи се за мене“.

Write A Comment