Едно од најефикасните средства за смирување на воспалено грло кај децата е медот. Една супена лажица мед пред легнување ја смирува кашлицата и обезбедува помирен сон во текот на ноќта, вели најновото истражување.
Родителите исто тврдат дека после редовна конзумација на мед симптомите на кашлица кај детето намалуваат, појаснува истражувачката екипа.
Кашлицата е една од најчестите причини поради кои децата одат на лекар, вели д-р Иан Пол, педијатар од државниот универзитет во Пенсилванија.
Терапиите за кашлица не секогаш се ефикасни и понекогаш се поврзани со несакани реакции појаснува специјалистот. Многу од лекарствата без рецепта не се препорачуваат за деца под 4 години.
Конзумацијата на мед не претставува опасност за детето дополнува д-р Иан Пол. Но не се препорачува продуктот да се дава на деца под една година поради евентуалната опасност од труење со ботулинов токсин.
Новото истражување вклучува 300 деца на возраст од 1 до 5 години со болно грло. Половина час пред легнување ¾ од малите учесници примаат 10 гр мед, а останатиот дел сируп. Родителите ги следат симптомите на кашлица како и квалитетот на сон кај децата после спроведувањето на терапијата.
Се потврдува дека конзумацијата на мед дава побрз ефект за намалување на интензитетот на кашлицата како и на проблемите со сонот.
