Се наближуваат празничните денови, а тоа значи само едно – многу богати гозби, калорична храна и слатки пијалоци, а кога сето тоа ќе помине ни останува забавен метаболизам и вишок калории.
Не можеме да им одолееме на сите вкусни работи, но затоа можеме да ги намалиме негативните ефекти кои ги донесува прекумерното внесување на храна и пијалоци. Детокс пијалоците се идеално решение!
Затоа припремете ја цедалката во рацете и направете зачинета детокс лимонада која ќе ја пиете барем еднаш дневно и така редовно ќе го прочистувате организмот од празни калории и токсини кои се собираат за време на празничните денови.
Потребни состојки:
- свежо цеден сок од лимон
- мелен ѓумбир
- мелено каранфилче
- кајенска пиперка
- мед
Измешајте ги сите состојки во сооднос кој ви одговара по вкус и испијте го пијалокот веднаш по обилен оброк. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот, ќе го загреете телото и ќе го забрзате исфрлањето на токсини.
Благотворното дејство на оваа зачинета лимонада се должи на ефикасната комбинација на состојки кои ја стабилизираат pH вредноста на телото и влијаат на прочистување на клетките.
