Било да изберете традиционална вечера или мени како шведска маса за вашата свадба, дефинитивно ќе ја разубавите свадбата доколку понудите шведска маса посветена само на слатки производи.
За вашата слатка шведска маса изберете најмалку 10тина видови на слатки, од бомбони, гумени бомбони, кочалиња, лижавчиња и чоколадца. Најдобро е да изберете слатки кои ќе одговараат на амбиентот на самата свадба, односно се во боите во кои вие сте решите да го украсите самиот простор.
Слатките презентирајте ги на најразличен начин, во тегли, стаклени садови, чинии и направете интересни комбинации. Со тоа, самата слатка шведска маса ќе биде дополнителен украс на целокупниот амбиент, а сигурни сме дека ќе наида на општо задоволство и одобрување кај вашите гости.




