Доколку ве очекува свадба во брзо време или пак, доколку вие сте среќната невеста, тогаш погледнете ги овие 2 идеи за фризури кои можете и самите да ги направите за само неколку минути. Тие се подготвуваат едноставно и што е најважно од сè, ќе изгледаат беспрекорно на вас без разлика дали сте само гостинка на свадбата, деверица или пак, самата невеста.
Прво треба да ја направите вашата коса кадрава, со помош на фигаро, пегла за коса или виклери. Имајте при рака и лак за коса, бидејќи ќе ви биде потребен при зацврстување на фризурата. Погледнете го подеталното објаснување за тоа како да ги направите овие совршено романтични фризури…
