Bridal

Како да одберете совршена фризура за вашата свадба?

Секоја невеста се труди да изгледа совршено на најважниот ден од нејзиниот живот. Откако ќе го изберете невестинскиот фустан и модните додатоци, Ви советуваме добро да размислите при изборот на фризура за вашата свадба.

Во зависност од вашиот стил на венчаница, Ви препорачуваме неколку видови на фризури за да ви помогнеме во вашиот избор. Исто така, Ви советуваме да направите пробна фризура со вашиот фризер, со цел да знаете дали ќе Ви се допаѓа како ви стои вам, но и да знаете колку време ќе Ви биде потребно, бидејќи често денот на свадбата е испланиран до последната минута.

  1. Фризура на античка божица: Доколку имате долга коса, Ви препорачуваме да размислите за овој стил на фризура, кој во комбинација со фустан во антички стил, ќе направи да изгледате како божица.
  2. За оние со кратка коса: Кратката коса не остава многу можност за избор на фризура, но со некој добар моден детал би можело да изгледа навистина спектакуларно.
  3. Локни: Локните секогаш делуваат гламурозно, па доколку имате коса со средна должина или пак долга коса, нема да погрешите во изборот, особено доколку имате богата венчаница. Единствен проблем е што по некое време локните се исправаат, особено кај оние кои имаат густа права коса.
  4. Гламурозна, но комплицирана фризура: Доколку имате едноставен фустан, добра идеја е да изберете ваква фризура која навистина ќе дојде до израз. Единствен проблем е фактот дека може да одземе повеќе време за да се направи.
  5. Кралица: Доколку имате кралска венчаница, ви предлагаме високо крената коса со круна која ќе го дополни кралскиот изглед.
  6. Венче од цвеќе: Доколку сакате необични додатоци и сте љубител на цвеќињата, ви предлагаме венец од цвеќе кој ќе ја надополни вашата романтична венчаница.
  7. Плетенки: Необична плетенка искомбинирана со бисерчиња или цветчиња може да изгледа навистина прекрасно, особено доколку имате венчаница со една прерамка.

Write A Comment