Мојата кујна

Маркиза

Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот “за добро расположение”) во нашиот организам. Тој е тој кога по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност.

По кунсумирањето чоколадо во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, затоа што имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

170 грама шеќер во прав

120 грама чоколадо

300 грама путер

180 грама какао

6   жолчки

500 грама слатка павлака

 

ПОДГОТОВКА:

 

Намачкајте со путер тркалезен калап за печење со обем од 16 см.

Во помал сад, во кој претходно сте ставиле една лажица вода, растопете го чоколадото искршено на коцки, а во друг сад растопете 50 гр. шеќер во 50 мл. вода и варете две минути.

На тивок оган измешајте го омекнатиот путер и какао, додајте го остатокот од шеќерот и растопете чоколадо и сè додека не добиете светло-жолт пенест крем.

Тргнете од огнот и оставете да се излади, а потоа со брзо мешање додајте ја смесата од растопеното чоколадо, какао и путер.

Кога кремот ќе стане хомоген и сосема ќе се олади, вмешајте ја слатката павлака.

Сипете го кремот во калапот намачкан со путер и ставете во фрижидер да отстои најмалку 3 часа.

Исечете на тенки парчиња.

 

 

Write A Comment