Мојата кујна

Како да направите домашна паста?

Денес во италијанското мени постојат повеќе од 300 видови на тестенини кои потекнуваат од два типа. Pasta secca, која најчесто се продава сува и ретко се прави свежа и во домашни услови, и Pasta fresca или Pasta fatta in casa, домашни тестенини кои се прават од пченично брашно, јајца и можеби малку вода или бело вино.

Има безброј начини и лични креации за правењето на домашни тестенини, но основниот рецепт е секогаш ист. На секои 100г. брашно се додава едно јајце и малку сол.

Комбинацијата на тестенини со вкусни сосови е наука сама за себе. Полнетите тестенини како ravioli, pansoti, cappelletti, или tortellini, содржат доволно вкус па само се сервираат со малку путер и жалфија или лесен доматен сос. Тенките домашни тестенини,на пример tagliolini, исто така не треба да се служат со јаки сосеви. Малку нарендан тартуф на путер и лажица вкусен пармезан е доволно. Тестенините како tagliatelle, од друга страна пак се подобри кога се служат со појаки сосеви од печурки, сирење, шунка па дури и риба.

Основен рецепт за тестенини

за 6-7 лица

  • 500г. сенаменско брашно

  • 5 јајца

  • сол

Ставете го брашното во чинија, направете дупка во средината и додадете ги јајцата, претходно изматени со вилушка. Со врвовите на прстите замесете го тестото. Потоа месете го тестото доволно долго како би било погодно за развлекување и сукање. Замотајте го во фолија и оставете го 1 час.

Можете да користите машина за јуфки или да ги развлечете со сукало.

Ако користите машина, прво набрашнете ги валјаците, земете од тестото и израмнете го со прстите. Прво наместете ги валјаците на најшироко и ако се лепи тестото наросете уште брашно. Превиткајте ја кората на половина и пак притиснете ја мегу валјаците. Повторете го ова неколку пати додека кората не стане мазна како свила.

Без разлика на тоа дали користите машина или сукало треба да знаете кога за запрете. Ако правите таљатели или лазањи дебелината треба да биде колку карти за играње. Ако правите равиоли или тортелини направете ги толку тенки да се проѕираат.

Откако ќе ја направите пастата, треба да ја расечете веднаш затоа што се суши многу брзо.

Write A Comment