Убавина

Празничен хит во шминкањето за кој полудеа познатите дами

Сите го сакаат божиќниот и новогодишниот дух бидејќи тој ни носи многу прослави и поводи за забава. Жените одвај чекаат да се дотераат за празничните настани, а инспирација често наоѓаат од познатите дами.

Познатите веќе некое време фаворизираат еден тренд во шминкањето кој е совршен за новогодишните празници.

Станува збор за нагласени усни – меѓутоа, не која било нијанса туку темно виолетова или кафена.

Овие нијанси на кармини во последно време се во тренд кај познатите дами.

Темнокафеавиот кармин е одличен избор ако сакате усните да ви бидат во прв план, но сепак да не бидат премногу драматични. Постојат многу нијанси на кафеави кармини – некои влечат на беж подтон, додека други на боја на костен.

Идеално ќе ја вклопите нијансата доколку го усогласите вашиот кармин со подтонот на вашата кожа.

Дколку сте посмели и сакате усните да ви бидат драматично нагласени, тогаш за вас идеалниот кармин е во темновиолетова боја. И тука постојат разни варијации со подтонови, а овој кармин најдобро им стои на луѓе со топол тен.

Write A Comment