Убавина

Грешки кои ги правите со фризурата, а кои ви додаваат години

Дали ви се случило да направите некоја нова фризура и да забележите дека изгледате постаро?Фризурите можат да ви одземат години, но многу лесно можат и да ви додадат. Погледнете кои се најчестите грешки кои ги правите при стилизирањето на косата, а кои ви додаваат години!

1. Премногу ја стилизирате косата

Што значи тоа? Можеби сте претерале со тапирање или виткање на косата, сте ставиле премногу лак, па вашата коса изгледа како да сте 60-годишна жена…Умереното и елегантно е секогаш подобар избор доколку сакате да изгледате помлади.

Доколку користите фигаро за виткање на косата, разбијте ја монотонијата на локните така што со прстите ќе ги раздвоите.

mcx_celebs_ivankatrump

2. Имате ретки шишки

Ова често може да создаде илузија дека сте постари. Ретката коса често се поврзува со возраста, па ако се одлучите за шишки погрижете се да бидат густи и текстурирани.

mcx_celebs_amypoehler

3. Вашата фарба е само во една нијанса

Ако се фарбате, најдобро е тоа да го правите на фризер, кој ќе ви ја погоди нијансата која најдобро ви одговара и истовремено ќе ја изнијансира, правејќи ја да изгледа поприродно. Доколку бојата на косата ви е премногу монотона ќе изгледате значително постари.

mcx_celebs_jlaw

4. Има премногу волумен

Тапирањето излезе од мода уште кон крајот на 80-тите и нема потреба овој тренд повторно да се враќа. Не сакате да изгледате како да имате гнездо на главата, па така не претерувајте со тапирањето.

mcx_celebs_jlo

5. Премногу е долга

Често предолгата коса може да создаде спротивен ефект и да изгледате постари! Косата која е премногу долга може визуелно да го повлече вашето лице надолу, додека со кратката коса добивате визуелен лифтинг.

mcx_celebs_sandrabullock

6. Премногу степенаста коса

Доколку степените на косата не ви се долги и се со големи растојанија, ваквата фризура може да создаде ефект на истенчена и слаба коса. Сè е во густината и волуменот.

mcx_celebs_naomiwatts

 

Write A Comment