Со шишарките можете да направите најразлични новогодишни украси за на елка, на маса или за на ѕид. Минијатурни божиќни дрвца, држачи за свеќи, централни украси на масата и многу други украси.
Еве еден пример како да направите слатки мали божиќни украси за на елката. Направете џуџиња од шишарки и од неколку други материјали што можете да ги најдете во вашиот дом. Искористете ја фантазијата за материјалите, набавете лепак и ножички и започнете. Ова е многу евтин проект, кој нема да ве чини многу пари, а задоволството на вашето дете што сте ги направиле заедно е огромно. И ќе изгледаат многу слатко на вашата елка!

