Sweet Home

Десетте заповеди за уредување на домот

Кога станува збор за уредување на домот не секого лесно му поаѓа од рака. Доколку ги немате потребните финансии за да се консултирате со дизајнер за внатрешно уредување, следете ги десетте заповеди и нема да погрешите.

Тие претставуваат основа за уредување на секој дом, а не смеете да ги занемарите доколку не сакате дополнителни нервози. Во секој дел од домот често постојат повеќе начини за да се уреди, па откако знаете каква намена ќе има секоја соба, започнете со основните но не помалку важни правила.

Тепихот треба да биде под мебелот

Доколку сакате да може да се гледа и подот, но не целосно обидете се со не многу голем тепих кој ќе го сместите под масата во дневната соба. Доколку имате кауч во дневната соба, внимавајте тепихот да допира до него. Верувајте така ќе изгледа подобро.

Оставете простор помеѓу каучот и останатите елементи

Ако оставите барем малку простор помеѓу каучот и ѕидот или фотелјите, собата ќе може да „диши“, а и ќе изгледа поголема.

Осветлете ја собата

Светлината е најважно нешто во уредувањето. Распространете ги светилките и погрижете се секој дел од собата да биде добро осветлен.

Креветите се најважни

Поставувањето на креветот треба да го добие приматот во уредувањето на собата. Доколку вашата соба има француска врата поставете го вашиот кревет спротивно од неа.

spalna_soba

Завесите нека бидат долги

Најдобро е завесите да бидат поставени највисоко што може, а доколку просторот го дозволува тоа да бидат долги до подот.

Над трпезариската маса да има светилки

Кога станува збор за трпезариската маса, се препорачува да се оди на класично осветлување односно светилките да бидат поставени централно над масата.

trpezarija

Масичката за кафе да биде голема

Одберете најголема што може да биде, а доколку имате поголем простор, одберете правоаголна масичка.

Креденецот да биде покрај ѕидот

Сите експерти за внатрешно уредување се согласуваат дека креденецот треба да биде покрај ѕидот, но исто така да не биде во аголот на собата. Подобро изгледа доколку зафаќа некоја централна положба, а можете до него да додадете и некој друг мебел.

Поставете ги сликите или огледалата во согласност со собата

Не ретко луѓето ги поставуваат сликите премногу високо. Измерете околу 60 сантиметри над мебелот, а пред да ги поставите, употребете лист хартија за да ги разгледате опциите и да ја одберете најдобрата.

Телевизорот не треба да биде центар на собата

Најдобро е да го поставите телевизорот на ѕидот и на тој начин ќе имате повеќе простор. Не би сакале да ја игнорирате природната поставеност на предметите во собата само поради телевизорот.

Write A Comment