Пристигна студеното време и сите ги отпакувавме капите, шаловите и ракавиците. Овие аксесоари ќе ве заштитат од студот и воедно ќе го комплетираат вашиот моден стил.
Ако сакате нова трака и имате стар џемпер со кој не знаете што да правите, имаме одличен предлог за вас! Направете го сами овој симпатичен зимски аксесоар со голема машна како украс.
Исечете две двојни траки од џемперот во должина која одговара на обемот на вашата глава и ширина од околу 10 сантиметри.

Спојте ги и зашијте ги краевите од траката.

Истото направете го и со другата трака. Едната трака ќе ја штити вашата глава од студот, додека од другата ќе направите шик машна.

Средината на едната трака фатете ја така што ќе се создадат „ушите“ на машната.

Ставете го помалото парче од чемперот во средината и зашијте го од задната страна.

Вашата машна е готова.


Останува само да ја споите со траката и тоа е тоа! Толку е едноставно.

Сигурни сме дека сите ќе го забележат овој моден аксесоар! Бидете поинакви оваа зима!

