Откако ќе биде избрана венчаницата, следното што треба да сторите е да изберете фризура што најдобро ќе се вклопува со целосниот стајлинг, односно да биде во стилскиот правец што сте го создале со избраната венчаница и останатите аксесоари. На пример, ако сте се одлучиле за ретро венчаница, секако фризурата треба да биде во истиот дух. И така, денес ќе ви покажам како изгледаат современите фризури и кои се најактуелните според врвните сајтови и блогови посветени на венчавката.




