Загреб е победник на овогодинешниот избор за најдобра божикна дестинација во Европа, и зад себе ги остави градовите кои веќе со години се познати како дестинации за празничните патувања, како што се Виена која овој пат се најде на 11-тото место на листата, пренесуваат хрватските медиуми.

Во изборот за најдобра божикна дестинација учествувале 101.703 луѓе од 176 држави во светот, а Загреб освоил речиси 30.000 гласови.

Загреб убедливо ја однел титулата за најдобра божикна дестинација, а на второто место се најде Стразбург, а по него следува Ахен.

Дека Загреб е најдобар избор за божикното патување се знаело и минатата година кога хрватската метропола биила на второт место на оваа престижна листа, веднаш зад победникот португалскиот град Порто. На листата се најдоа и градовите Колмар, Брисел, Лајпциг, Ротенбург, Нирнберг, Лиле, Дрезден, Келн, Бирмингем, Лондон и Берлин кој се најде на 15-тото место.
















