За изработка на овој прекрасен додаток за разгорување на празничната атмосфера потребно ќе ви биде:

150 – 180 cm дебел лавров венец
Околу 170 cm пластични водоводни цевки
Бонсек
4 зглобови од 90˚
Тенка жица
Разни божиќни декорации (шишарки, брезови гранчиња, лисја итн.)
Новогодишни светилки


Пресечете ги пластичните цевки на 4 еднакви делови.


Вметнете ги зглобовите во цевките за да добиете квадратна рамка за вашиот венец.


Поставете го зеленилото на пластичната рамка и прицврстете го со тенката жица.




Прикачете ги божиќните декорации по ваша желба и вметнете ги новогодишните светилки.

На крај со метална закачалка (како на сликата) закачете го венецот на вашата врата или порта.

