Дестинации

Uludag – Ексклузивно скијање во Турција

Во античките времиња, оваа планина позната како Olimpos Misios , била од кое, според легендите, Боговите ја набљудувале Тројанската војна…

Uludag е еден од најпопуларните ски центри во Турција. Планинскиот венец се наоѓа во Западна Анадолија, со највисокиот врв Kara Tepe, висок 2.543 метри. Местото се наоѓа на 276 километри од Истанбул, односно на 36 километри од Бурса. Минибуси во правец на Бурса се достапни на секој час, така што на љубителите на убав помин, во градот им нуди комплетно  зимско уживање.

Сезоната на скијање  трае 5 месеци, од  Декември до Април. Во понудата се 13 ски терени, прилагодени и за искусните и за почетниците. Местото Uludag располага со бројни атракции, ресторани, барови…

Uludag на турски значи „ голема планина “, а се користи и името Kesis dagi што во превод значи „ планината на монасите “. Ова име потекнува од средниот век, кога на ова место постоел вистински манастирски центар, а монасите биле опозиција на официјалната област и Константинопол.

 

Write A Comment