Иако сме навикнати на свадбени торти со цвеќиња и пеперутки кои не потсетуваат на пролетта и летото, доколку вашата свадба е во зима нема да погрешите доколку изберете торта во духот на зимските денови, која одлично ќе се вклопи во целата атмосфера.
Доколку вашата свадба е во зима, изберете соодветна торта. Кога станува збор за вкусот, најдобо е да изберете торта која ќе постетува на оваа сезона. Одличен избор се тортите од чоколадо, ванила, бело чоколадо или пак со вкус на бренди, рум или друг алкохолен пијалак. Изберете цимет или пак морско оревче, зачини кои на вашата торта ќе и дадат оригинале вкус.
За декорација на вашата торта изберете нешто што ќе го промовира зимскиот празничен дух. Немора да изберете црвено-зелена торта која ќе потсетува на Божиќ, туку размислете за некоја бела или пак крем торта украсена со светкави снегулки кои може да се јадат. Еве ви неколку идеи:








