ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 5 поголеми компири
* 5 јајца (само жолчки)
* 30 г путер
* 2 лажички сол
* црн пипер
* мускатно оревче
* ½ шољичка павлака (или хопла)
* 1 јајце ( за премачкување)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги.
По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка.
Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири.
Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна.
Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички.
Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака.
Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит.
