Дестинации

Дома кај Дедо Мраз

Сакате да го запознаете Дедо Мраз? И да се уверите во приказната дека постои? На вистинското место сте. Секојдневно е достапен за Вас во Дедо Мраз селото во Лапланд. Истовремено ова е шанса и да ги изненадите Вашите пријатели и скептиците кои не веруваат во магијата на арктичкиот круг со разгледници, да купувате низ автентичните продавнички и да уживате во едно поинакво искуство.

Кога се прошири легендата за Дедо Мраз, дека Рованиеми е неговото место на живеење, во вид на добра тајна…таа бргу се прошири низ целиот свет. Во чест на желбата на децата, па и возрасните од целиот свет, народот од Елф, одлучи да направи место каде Дедо Мраз ќе ги прима неговите гости од целиот свет.

Дедо Мраз го поминува своето време во селото, исполнувајќи ја неговата мисија за добросостојба во светот. Верувале или не, ова место е официјалниот дом од кој што Дедо Мраз тргнува секоја година. Кога веќе верувате, дозволете си и да го посетите.

 

Write A Comment