ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
* 250 мл топла вода
* 2 ¼ лажички сув квасец
* 1 лажица мед или шеќер
* 2 лажички сол
* 2 лажички маслиново масло
* 3 шолји брашно
За филот:
* 500 гр кашкавал
* 400 гр кулен
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го квасецот со медот или шеќерот и топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот започне да се пени.
Додајте ја солта, маслото и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот брашно додавајте го постепено, додека не добиете меко тесто кое не се лепи.
Кога ќе направите такво тесто, месете го околу 6 минути. Оставете го да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.
Кинете мали парчиња од тестото и полнете ги со парче кашкавал и парче кулен. Замотајте ги во топчиња и редете ги во тава, едно до друго, со мал простор меѓу нив.
Изрендајте кашкавал одозгора и печете на 200 степени за 30 минути. Послужете ги заедно со доматно пире.
https://www.youtube.com/watch?v=21_YrGjeFWU
