Убавина

3 едноставни трикови за драматично подмалдување

Дури и најситните брчки можат да ве направат да изгледате постаро за неколку години. Затоа добро ќе ви дојдат нашите совети за мали интервенции кои ќе ги покријат ситните недостатоци и ќе ве направат помлади.

Нашето лице скоро постојано е изложено на неповолни временски услови кои многу лошо влијаат на него. Затоа овие мали трикови, како пилинг, со прикладно руменило за усните и умереност во користењето на пинцетата, ќе ви помогнат повеќе одошто можете да замислите.

1. ПРОШИРЕНИТЕ ПОРИ ВЕ ПРАВАТ 3 ГОДИНИ ПОСТАРИ

Зголемените или запушените пори ќе ве направат постари за дури 3 години. Најчестиот кривец за нивното настанување е сонцето кое го оштетува ткивото, и предизвикува ширење на порите во облик на V према надвор. Во решавање на овој проблем ќе ви помогне секој метод со кој се отстранува површинскиот слој на кожата, како пилингот кој можете и самите да го припремите. И секако, како превентива, избегнувајте го изложувањето на сонце, колку повеќе можете.

2. ИСПУКАНИ УСНИ И КРУЖНИ ОБРАЗИ МОЖАТ ДА ВЕ НАПРАВАТ 5 ГОДИНИ ПОСТАРИ

Испуканите и суви усни ќе ве направат да изгледате за 5 години постари. Затоа обавезно секој ден негувајте ги со заштитен мелем. Тој, ако имате полни усни, ќе ја нагласи нивната сензуалност. Ако пак усните ви се тенки, не користете мелем во боја, бидејќи тој визуелно ќе ги намали. И полните образи имаат тенденција да, кога губите на тежина, станат неодредени, што ќе ве направи да изгледате постаро. Често, пополните жени, дури и изгледаат помладо од нивните слаби врснички. Но, кога ќе се земе во обзир дека често се на диета, неретко се случува да поради јо-јо ефектот кој доведува до слабеење на еластичноста на кожата, доведе до побрзо настанување на брчките. Тоа секако може да се реши со естетска операција, но многу поефтин, а исто делотворен метод е применувањето на адекватна нега.

3. ГУСТИТЕ ТРЕПКИ И ВЕЃИ ПОДМЛАДУВААТ ЗА 3 ГОДИНИ

Густите и негувани трепки ќе ве направат 3 години помлади. Ако ги имате, негувајте ги и нежно постапувајте со нив. Користете препарати посебно наменети за нега на треките, а многу делотворно е и маслото од сладок бадем. Густите трепки, исто така, ќе ве направат помлади, и тоа дури за 5 години. За разлика од мажите, кај кои веѓите стануваат се погусти, кај жените со годините стануваат се поретки. Затоа потполно е погрешно што најголем број од жените продолжуваат да ги тенчат веѓите. Наместо тоа со адекватно моливче пополнете ги местата каде недостасува густина и настојувајте што повеќе да го задржите нивниот природен лак.

Write A Comment