Кога ќе завршат прославите, треба да ја започнете сезоната за грижа на Вашето тело и да го исчистите телото од токсини.

Секако треба да се намали нашата храна, јадете повеќе свежо овошје и зеленчук и консумирајте многу повеќе вода од вообичаеното. Започнете го денот со чаша топла вода со неколку капки од лимон, и по половина час, јадете го доручекот.
Ако сте одлучиле да симнете некој килограм , Ви предлагаме сируп кој едноставно се приготвува и кој ќе ви помогне да намалите неколку килограми.
Потребни состојки:
– 125 гр свежи рен
– 4 лимони
– 3 лажици мед
– 2 см корен ѓумбир
– 2 лажички мелен цимет

Начин на подготовка:
Потребен Ви е бендер и во него ставете го ѓумбирот и ренот, претходно исчистен и потоа да ги исецкате во блендер. Додадете сок од лимон и се заедно измешаајте околу три минути. Потоа додадете го медот и циметот. Така приготвениот сируп консумираајте го два пати на ден пред јадење и пред тренинг. Пијте го овој сируп секојденевно три недели, а потоа напарвете пауза неколку дена.
Пред да почнете редовно да го конзумирате овој сируп, консултирајте се со Вашиот лекар.
